Duster ќе стане возило од 21-от век
» Dacia Duster е еден од најевтините модели со 4×4 погон и таков ќе остане и во наредната трета генерација, но ќе добие и нови технологии со кои ќе стана возило од 21-от век. Треба да биде поставен на CMF-B платформата на алијансата и во споредба со сегашниот модел ќе биде поголем и технички поблизу до Nissan Juke. Се планира за 2024 година и најголема новост ќе биде проширувањето на погонските групи со плаг-ин хибридно решение. Дизели ќе нема, а дел од бензинците ќе бидат изведени како благи хибриди. Нормално, прерано е за прецизни детали но се знае дека ќе биде основа и за идната Lada Niva.
* На фотографиите е прикажан концептот Bigster кој ќе биде друг модел, поголем од Duster.