Tags:
Dacia слави роденден

55 години Dacia

» Романскиот производител токму денешниот ден – 29 април, го одбележува како свој роденден, кога во 1966 година е основано претпријатието под името Uzina de Autoturisme Pitești – UAP (Фабрика за автомобили Питешти). Главната фабрика е изградена 1968 во местото Колибаши, кое денес се вика Миовени. План беше под лиценца да се произведува модерниот Renault 12, но додека се чекаше на неговото претставување и на монтажата на машините и алатите, се започна со производство на застарениот Renault 8, означен како Dacia 1100. Од септември 1999 година Dacia е во состав на Renault. Денес Dacia е компанија со најголеми приходи во Романија и најголем извозник со 8% учество во целокупниот извоз на земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *