Малиот бунтовник
» Насловен како најрадикална интерпретација на урбан електричен автомобил, UrbanRebel концептот на Cupra ги наговестува карактеристиките на серијата помали од ID.3 & Co. електрични модели кои на нова платформа се очекуваат за три-четири години. Секако, шпанската варијанта е истакнато спортска, со прогресивен развој на дизајнерскиот јазик на марката. Но ако ги тргнеме настрана емотивниот и оригинален изглед со впечатливите и атлетски линии, ќе видиме автомобил од Б-класата долг четири и нешто метри. Концептот е надарен со електрична моќ од 435 KS, кои сигурно нема да се сретнат кај производствените модели, ниту кај Cupra, ниту кај другите марки кои под свои ознаки ќе се решат да го понудат на купувачите.