Провокативна алтернатива
» Citroen претстави потполно нов модел, создаден за сите предизвици. Веќе неговата ознака C4 X кажува за што се работи – купе-кросовер со единствен и елегантен дизајнерски пристап. Ги оспорува традиционалните дефиниции за на купувачите да им понуди нешто посебно. Со должината од 4,6 метри се вклопува во линијата на француската марка меѓу C4 и C5 X, а меѓуоскиното растојание од 2,67 метри кое е еднакво како кај хечбекот го покажува потеклото на неговата механика. Затоа и не е изненадување што уште на почетокот ќе се нуди во електрична изведба со мотор со 136 коњски сили и батерии од 50 kWh доволни за автономија од 360 km. Оние кои преферираат мотори со внатрешно согорување на располагање ќе ги имаат PureTech 100 и 130 бензинците, а некаде и BlueHDi 130 дизелот, првиот со шестстепен мануелен а останатите два со осумстепен автоматски менувач. Производството ќе му започне наесен, а за цените рано е да се зборува.