Suzuki Jimny маскиран како Brabus G-класа
» Дизајниран како верна провокација на G-класата на Mercedes, беше само прашање на време кога малиот Suzuki Jimny ќе се искачи скалило повисоко и ќе ги нападне сетилата како некоја тјунерска креација на кутиестиот теренец од неколку стотини илјади евра. И еве го – маскиран како Brabus, до толку што не може да се разликува, барем не на фотографија. Неговите креатори направија бројни измени за тоа – автомобилот доби нови светла, модификувана маска, поинаква хауба и друго, така што од сите страни изгледа како G-класа, додека внатрешноста е посебна приказна. Црешата на шлагот на тортата се логото со буквата B и натписите Brabus V8 Biturbo 800, за кои сигурни сме дека Германците не се среќни.