За поголема атрактивност
» Сите три изведби на серијата 8 на BMW поминаа низ третман против стареење кој им донесе благ фејслифтинг. Големи промени нема – најголемите се што сега добија светлечка маска и нова инструмент табла. М-моделите добија уште некој детаљ, а генерално кај сите подобрени се квалитетот на материјалите. Кога сме кај нив, во понуда веќе го нема обичниот M8 – сега остана само M8 Competition со своите 625 коњски сили.