За оние на кои само буквата M не е доволна
» После сериите 3, 4 и 2, BMW ја претстави CS изведбата и на M5. Што таа значи не треба да им објаснуваме на љубителите на баварските модели, а за другите треба да биде доволно ако знаат дека двете букви означуваат дека возилото располага со ултраспортски манири. Во конкретниот случај нив ги обезбедува 4,4 литарски твин-турбо мотор V8 мотор со 635 KS, кој го прави M5 CS најмоќниот автомобил во историјата на BMW M. Тие му обезбедуваат перформанси на ниво над сé досега видено – забрзување од 0 до 100 km/h за само 3 секунди, од 0 до 200 за 10,3 секунди и електронски ограничена најголема брзина од 305 km/h. Ѓаволските перформанси се дополнети со сериозна доза ексклузивност и луксуз и исто ѓаволска цена – 180.400 евра.