Tags: ,
BMW лого

Пат низ историјата

» Логото на BMW е едно од најпрепознатливите во светот. Ретко и никогаш драстично го менуваше својот изглед, задржувајќи го кружниот облик и карактеристичните бои што го прават потполно минималистичко. Потеклото на називот BMW како кратенка од Bayerische Motoren Werke датира од 1917-та година и настана со преименување на компанијата од која BMW се изроди, Rapp Motorenwerke, лоцирана во Минхен, главниот град на Баварија. Тогаш иако називот се промени, техничката опрема, имотот и работната сила иницијално останаа исти. Бидејќи BMW директно произлезе од Rapp Motorenwerke, го прилагоди и нејзиното лого. Беа задржани црниот прстен и кружниот облик, а додадени златни рамки на прстените и буквите B, M и W. Баварија беше претставена со сино-белата комбинација во внатрешниот прстен, но со бои во обратен редослед бидејќи тогашните закони не дозволуваа користење на обележјата на државата во комерцијални цели.

Иако тоа е единствената вистинска приказна за потеклото на логото на BMW, јавноста погрешно знае дека сино-белата комбинација претставува авионски пропелер, кој за прв пат се има појавено во една реклама од 1929-тата, значи 12 години подоцна од настанувањето на логото. За тоа дебела заслуга има и самиот BMW кој воопшто не се ни трудеше да го демантира тоа. Напротив, нему тоа му одеше во прилог бидејќи пред сé беше познат како производител на авионски мотори. Сепак, првиот производ на кој логото се појави беше мотоциклот R32 од 1923 година.

Со текот на годините се менуваа нијансите на боите, дебелината на линиите и растојанието меѓу буквите. Имаше и некои помодни визуелни освежувања, како што додавањето сенки, разни ефекти и тридимензионален изглед, но оригиналниот дизајн секогаш беше задржан. Заклучокот е јасен – логото на BMW секогаш било совршено препознатливо и ја симболизирало компанијата која ја оправдува својата репутација, непогрешливо следејќи ги трендовите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *