Дали и возилата ќе поевтинат исто толку?
» Една изјава на Милан Недељковиќ, членот на одборот на директори на BMW кој е задолжен за производство, ги разбранува духовите. Тој кратко и јасно кажа дека до 2025 година за 25 отсто ќе ги намалат трошоците за производство по возило во споредба со нивото од 2019-тата. Не образложи како, но единственото што логично може да се очекува е со зголемување на ефикасноста во производството. Не кажа ни зошто, но во неговата изјава аналитичарите препознаа тенденција BMW подобро да им конкурира на Mercedes и Tesla, но и на Volkswagen. Не кажа ниту дали и возилата ќе поевтинат за исто толку или пак кратењето на трошоците ќе се прелее во поголем профит на компанијата, кој во шкакливата ланска година изнесуваше нето 3,857 милијарди евра.