Tags: , , , , , , , , , , , , , ,
Best Buy Car of Europe in 2021

Познати AutoBest финалистите

» Новиот Citroen C4, Dacia Sandero, Honda Jazz, Peugeot 2008, Seat Leon, Škoda Octavia и Toyota Yaris се AutoBest финалистите за 2021-ва. Овие автомобили ќе се натпреваруваат за наградата Best Buy Car of Europe in 2021. Жирито составено од 31 член од исто толку европски земји ќе го комплетира своето гласање во следните неколку недели, по завршувањето на традиционалното напоредно тестирање на финалистите закажано во почетокот на ноември, а победникот ќе биде објавен на средината на декември.

„Во Европа и ширум светот живееме во исклучителни услови, соочени со една од најголемите кризи во јавното здравство на овој век. Гледаме колку тоа влијаеше на автомобилската индустрија во Европа. Како автомобилски медиуми исто така сме многу лошо погодени и гледаме толку многу луѓе кои се соочуваат со екстремни потешкотии. Но, и покрај сето ова, решивме да останеме верни на нашата традиција и да ги објавиме финалистите како што тоа го правевме секоја година во последните 20 години. Рекордниот број од седум е директен резултат на одлични вести кои доаѓаат од индустријата, нови брилијантни модели кои заслужуваат присуство во финалето“, рече Дан Варди, основач и претседател на AutoBest. AutoBest го објавува логото на „Европски финалист AutoBest 2021“. Седумте производители имаат право да го користат логото во сите свои комуникациски и маркетинг кампањи во пресрет на објавувањето на победникот за AutoBest 2021.

На 4 и 5 ноември, европското жири ќе се состане во Теесдорф, Австрија, на финалниот тест на патеката во сопственост на австрискиот автомобилски клуб ÖAMTC која се здоби со меѓународно признание за тестирање на возила, како и образование за возачи во многу области. Бидејќи центарот во Теесдорф е близу до аеродромот во Виена, AutoBest е воодушевен што воспостави соработка за финалниот тест во оваа совршена средина, изјави д-р Герхард Кунчик, потпретседател на AutoBest жирито. „Ние во AutoBest внимателно ја следиме состојбата со пандемијата. За нас здравјето на нашите членови на жирито и гостите од индустријата е од суштинско значење. Затоа санитарните услови за време на завршниот тест се многу строги и во совршена согласност со локалните и националните власти во Австрија. Ние сме многу сигурни дека нашиот завршен тест ќе биде успешен, следејќи ја нашата традиционална програма со тестирање на јавни патишта и детални специфични тестови на полигонот. Ние исто така ќе ја одржиме нашата позната прес-конференција со претставниците на производителите во финалето, и врвните директори кои придонесуваат и се појавуваат на интернет“, изјави Илија Селиктар, коосновач и претседател на AutoBest жирито

„Имаме целосна поддршка од нашите членови на жирито. Сите производители кои имаат автомобил во финалето реагираа многу позитивно за учеството во натпреварот за најдобар автомобил за вложените пари во Европа за 2021 година. Ова е заеднички одговор на автомобилската индустрија и автомобилските медиуми, знак на еластичност пред ковид-19. Ова е исто така амблем на почит кон нашите клиенти, читатели и гледачи кои страдаат за време на оваа пандемија. Потребата за автомобилизам и нови модели со најнови технологии се исто толку важни колку и секогаш. Во AutoBest ќе ја завршиме својата работа, како што правевме во последните две децении“, додаде Дан Варди.

Членовите на AutoBest жирито претставуваат 31 европска земја, што го прави најголемото независно жири во светот според бројот на застапени земји. AutoBest жирито посветува големо внимание на напорите што ги прави автомобилската индустрија. Инвестициите, новите можности за работа во автомобилската индустрија за луѓето, фондовите за зелени автомобили и технологии, поддршката за различни региони во Европа се внимателно проверени и ценети од жирито. Новите технологии и поврзаноста во автомобилот се исто така под лупа на жирито. Вкупно, ние им посветуваме осум награди на овие достигнувања во следните категории; ManBest, CompanyBest, EcoBest, DesignBest, TechnoBest, SafetyBest, SmartBest и SportBest. Во следните недели, AutoBest ќе ги комуницира добитниците на овие награди.

Церемонијата на доделувањето на 20-тите награди ќе се одржи следната година на датум и локација што ќе бидат избрани подоцна, во очекување на различните санитарни услови во различни земји на Европа. Годинешното издание на гала наградите AutoBest беше во Мајнц, Германија, на 13-ти февруари, обединувајќи рекорден број врвни директори од различни компании и организации. Галата на AutoBest наградите еволуираше во последните 20 години, од истакната вечера на локација со пет ѕвездички, до европска гала со уметничка содржина од светски ранг, гурманско мени и уникатно големо финале за наградата AutoBest.

За AutoBest

Организацијата AutoBest е создадена во 2001 година со револуционерен концепт на „најдобар автомобил за купување“ достапен на европскиот пазар. За еден автомобил да стане AutoBest победник тој мора да претставува најдобра понуда за повеќето европски клиенти. Цената, мрежната услуга, дистрибуцијата на резервни делови и разноврсноста се најважните критериуми во процесот на гласање. Дизајнот и новите технологии стануваат и покритичен фактор за гласање. AutoBest користи транспарентен систем на гласање, со комплексна матрица од 13 критериуми за да се одлучи победникот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *