Б како Bayon
» Претстојниот сосема нов кросовер од Б-сегментот на Hyundai ќе се вика Bayon. Тој треба да дебитира во првата половина на 2021 година и да им се придружи на Kona, Tucson и Santa Fe во европскиот состав на кросовери на марката. За Bayon кој ќе биде помал од нив апсолутно не се знае ништо освен тоа што го кажа раководителот на Hyundai за маркетинг и производи, Андреас-Кристоф Хофман: „Hyundai е силно етаблиран на европскиот пазар на SUV модели, како во смисла на опфатената гама, така и според продажбата. Со лансирањето на нов, дополнителен модел од Б-сегментот како влезна точка во нашата SUV-линија, гледаме одлична можност уште подобро да ги покриеме барањата на купувачите во Европа и да ја зголемиме понудата во овој многу популарен сегмент.”
Својот назив Bayon го има добиено од истоимениот град во југозападна Франција. Идејата на неговите кумови е дека овој модел првенствено е европски производ и треба да биде именуван по некој европски град. Со слична филозофија Hyundai се водеше и кога ги именуваше Kona, Tucson и Santa Fe.