Tags: , , , , , , , , , , , ,
AutoBest ги објави финалистите

Победникот ќе се знае во декември

» Dacia Spring, Hyundai Bayon, Opel Mokka, Renault Arkana, Škoda Fabia и Toyota Yaris Cross се финалистите за наградата AutoBest 2022. Овие автомобили ќе се натпреваруваат за наградата „Автомобил што дава најмногу за вложеното на Европа во 2022 година“. Жирито од 32 членови од 32 земји ќе ги направи своите последни проценки и ќе го даде својот глас во претстојните недели, а победникот на 21-то издание на AutoBest ќе биде објавен кон средината на декември. AutoBest го објави и логото на „Европски финалист AutoBest 2022“. Шесте производители имаат право да го користат логото во сите кампањи за комуникација и промоција во пресрет на објавувањето на победникот AutoBest 2022.

По успешниот прв настан минатата година, жирито повторно ќе оди во Тесдорф, Австрија, на 24 и 25 ноември за завршниот тест. Полигонот на австрискиот автомобилски клуб ÖAMTC има меѓународно признание за тестирање возила, како и образование за возачи во многу области. Со Тесдорф сместен во непосредна близина на аеродромот во Виена AutoBest воспостави партнерство за да изврши сеопфатен пакет тестови и да го истражи целосниот потенцијал на финалистите.

„Во текот на пандемијата, AutoBest се покажа како единственото меѓународно независно автомобилско жири што ја одржува редовната агенда на активности. Ние продолжуваме да се обидуваме да им понудиме на милиони потрошувачи на автомобили најдобра проценка за Best Buy автомобилот во Европа, но и за најдобрите луѓе, компании и технологии што ги имаме во индустријата денес. Понатаму, благодарение на новосоздадениот AutoBest Think Tank предводен од визионерскиот дизајнер на автомобили Френк Стивенсон, подлабоко ќе ја истражиме иднината на мобилноста, давајќи им на сите луѓе подобра видливост и разбирање за тоа што ќе се случува во наредните години“, рече Дан Варди, основач и претседател на AutoBest.

Членовите на AutoBest жирито претставуваат 32 европски земји, што го прави најголемото независно автомобилско жири во Европа и светот по бројот на застапените земји. AutoBest жирито посветува големо внимание на напорите што ги вложува автомобилската индустрија. Инвестициите, новите можности за работа во автомобилската индустрија за луѓе, средства за зелени автомобили и технологии, поддршката на различни региони во Европа, внимателно се проверени од жирито. Исто така, под лупа се новите технологии и поврзување во автомобилот. Вкупно, посветуваме осум награди на овие достигнувања во следните категории; ManBest, CompanyBest, EcoBest, DesignBest, TechnoBest, SafetyBest, SmartBest и SportBest.

21-то доделување на наградите ќе се одржи следната година во Стразбур, Франција, на датум што ќе биде објавен дополнително. Оваа година, 20-годишнината од доделувањето на наградите AutoBest се одржа на 30-ти септември во Барселона, Шпанија, собирајќи рекорден број учесници од 34 земји, вклучувајќи водечки директори од различни компании и организации. Во текот на изминативе две децении гала-вечерта на наградите AutoBest стана клучен настан во календарот на автомобилизмот, со уметничка содржина од светска класа, гурманско мени со здрава содржина и уникатно големо финале за наградата AutoBest.

Повеќе информации на www.autobest.org.

За AutoBest

Организацијата AutoBest е создадена во 2001 година со револуционерен концепт за пронаоѓање на Best Buy Car достапен на европскиот пазар. За автомобил да стане AutoBest победник мора да ја претставува најдобрата понуда за повеќето европски клиенти. Цената, сервисната мрежа, дистрибуцијата на резервни делови и разновидноста се најважните критериуми во процесот на гласање. Дизајнот и новите технологии, исто така, стануваат критичен фактор за гласање. AutoBest користи транспарентен систем за гласање, со комплексна матрица од 13 критериуми за да го одлучи победникот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *