Audi RS Q E-Tron (видео)
» Audi се подготвува за најтешкиот можен предизвик – на идното издание на релито Дакар ќе настапи со електричниот RS Q E-Tron. Тој е опремен со по еден електромотор од формула Е за секоја оска со вкупно 680 KS и батерии од 50 kWh. Бидејќи низ пустините на Саудиска Арабија нема никаква инфраструктура за нивно полнење, Audi RS Q E-Tron е опремен со дволитарски турбо мотор кој ќе работи како генератор.