Дизајниран одвнатре према надвор
» Замислен за Кина со акцент на желбите на тамошните купувачи и сообраќајните гужви во урбаниот превоз, Audi Urbansphere концептот уште малку па ќе делува нестварно. Но, само ако се гледа одвнатре – однадвор тој е голем моноволуменец кој не се истакнува со дизајнот, но стилските детали од него ќе се најдат на идните сериски модели. Технологиите се интелигентно ускладени со намената на возилото, со цел на патниците да им се понуди целосно ново ниво на уживање во возењето. А тоа ќе биде автономно, со предни седишта свртени наназад или пак проѕирен екран меѓу двата реда седишта за патниците назад.
Простор има повеќе од доволно – поинаку и не може во моноволуменец долг 5,5, широк 2 и висок 1,78 метри. Меѓуоскиното растојание од 3,4 метри обезбедува доволно простор за батерии од 120 kWh кои на двата електромотора со 400 коњи ќе им обезбедат струја за поминување 750 километри. За жал, на најважното прашање – дали вакво нешто ќе се појави во продажба тешко е да се одговори, бидејќи како од Audi велат, Urbansphere е радикална визија за иднината на урбаните патувања.