Посилен е од Bugatti Veyron!
» Тјунинг куќата Wheelsandmore од германското место Бесвајлер блиску до холандската граница претстави неколку пакети за RS7 кои ги подигнуваат неговите перформанси на потполно друго, ултимативно ниво. Поинаку и не може да се каже за нивните креации со кои спортската купе-лимузина на Audi станува посилна од Bugatti Veyron. Првиот пакет го засилува неговиот 4,0 литарски турбо V8 кој располага со 48-волтен хибриден систем од сериските 600 на 700 KS и чини скромни 3.400 евра. Со вториот за 4.500 евра се добиваат 740, а со третиот кој чини 7.900 евра 780 коњи. Четвртиот веќе е посериозен и за 13 илјади евра дава 840, а петтиот пак за 21.600 евра 915 KS. На врвот е тјунинг пакетот кој чини 31.500 евра и го прави RS7 способен со тркачки бензин да испорача дури 1.045 коњски сили. Но бидејќи TÜV дозволува регистрација само до 980 коњи, Audi RS7 C8 како што му е ознаката развива точно толку, кога, како велат Германците, ќе се користи стандардно гориво.