Токму тоа што треба
» Ново доба доаѓа за Audi – четвртиот концепт на проектот Sphere е спортски луксузен кросовер за слободно време и теренско возење. Комплетирањето на оваа серија концепти покажува дека марката со четири прстени ќе го понуди токму тоа што треба – не сега, ама за некоја година сигурно. Досега видовме родстер, лимузина и квазимоноволуменец, но ова е она што пазарот најмногу ќе го бара – кросовер купе со четири врати и истакната сестрана каросеријата. Должината од пет метри јасно покажува во кој сегмент ќе биде позициониран серискиот модел, за кој засега се споменува дека нема да го има туку дека Activesphere е само дизајнерска студија. Но искрено кажано ние не веруваме во тоа – концептот премногу детално е направен за да остане само фуснота во историјата на Audi. Нема многу да го коментираме иако има сериозно голем број причини – место тоа ќе ви оставиме сами да процените дали сме во право, дали во овој концепт гледате некој иден Q8 или нешто со слична бројка. Сметаме дека видеата доволно кажуваат.