Јавното „оружје“ на тајниот агент
» Без дискусија, најпознатиот Aston Martin било кога произведен е DB5, кој се прослави како автомобилот на Џејмс Бонд најпрво во Голдфингер, а потоа и уште во неколку други филма за тајниот агент. DB5 делеше поголем дел од механиката со DB4 освен моторот – тој кај него беше 4,0 литарски со 285 KS во основната и 325 во спортската Vantage верзија. Од дизајнерска страна автомобилот не донесе револуција, ама беше подобрен толку колку купувачите да помислат дека во прашање е нов автомобил. Но покрај сите пофалби, DB5 мораше да претрпи и одредени критики. Пред сé, тежината му порасна на големи 1.485 kg, а на купувачите започна да им пречат и такви работи како на пример зошто автомобил со таква цена нема серво управувач.
DB5 кој официјално беше понуден како купе и кабриолет, беше предизвик и за британските каросеристи кои направија 12 или 13, не е точно познато, каравански Shooting Brake верзии кои денес се високо ценети меѓу колекционерите. За две години колку опстана во продажба, од DB5 вкупно беа направени 1.021 примероци. На нив треба да се додадат и 25-те примероци кои Aston Martin како автентична репродукција на оригиналниот автомобил на Џејмс Бонд ги направи во 2020-тата.