Невозможен германско-американски хибрид
» Британската работилница MSL Performance реши на највулгарен начин да ги предизвика обожавателите на класичните американски мускулести автомобили, кои откако ќе го видат овој хибриден спој на Ford Mustang и AMG сигурно ќе се згрозат. Возилото е чиста класика од 1969 година, а моторот 5,5 литарски V8 од Mercedes-AMG E63 кој после третманот на MSL Performance испорачува 721 KS и 1.200 Nm. Е-класата на Mercedes ги донираше и сопирачките и инструмент-таблата, седиштата пак се од А-класа, а на управувачот гордо е истакната трикраката ѕвезда.
Како сето тоа изгледа заедно, погледнете во видеото.