Можеби ќе се произведува во САД
» Иницијалниот успех на Tonale ги засили амбициите на Alfa Romeo – веќе оладените планови за освојување на Америка повторно се загреваат, овој пат со братска помош од роднините од големото Stellantis семејство. Според првиот човек на марката Жан Филип Импарато, новиот модел ќе биде направен за САД, каде можеби и ќе се произведува. Засега не е одлучено каков ќе биде – лимузина или кросовер, иако е сосема јасно што има предност. Тоа ќе се знае пред крајот на годината, кога ќе треба да започнат подготовките за работата на него. Одговорот на големото прашање дали и овој модел ќе ја доживее судбината на другите претходно планирани но не реализирани слични проекти се навестува во времето одвоено за негово конструирање – планирано е тој да биде лансиран во 2027 година.
Напомена: Уводната фотографија е независна дизајнерска студија и нема никаква поврзаност со Alfa Romeo.