Славенички уникат
» По повод 100-годишнината од започнувањето на соработката со Alfa Romeo, Zagato за неименуван германски колекционер подготви специјална изведба на Giulia. Уникатниот примерок има скратено меѓуоскино растојание, каросерија од јагленородни влакна со две седишта и Quadrifoglio V6 мотор од GTAm со 540 KS и шестстепен мануелен менувач. Изгледот е мешавина на старото и новото и во целост ги истакнува уметничките вештини на миланското атеље. Треба да се напомене дека целиот проект започнат лани е изведен самостојно, без поддршка од Alfa Romeo.