Tags: , ,
Alfa Romeo 1900C Super Sprint (1956-1958) – фото галерија

Модерен традиционалист

» Ако од богатата историја на Alfa Romeo треба да се издвои еден период кој ја дефинираше марката, тогаш тоа се педесеттите години и моделот 1900. Италијанската марка која со сета страст го лансираше, мудро следејќи што зборува заедницата пристапи кон еден за денешни сфаќања благо кажано невообичаен модел на негово производство, препуштајќи ги поатрактивните верзии на познатите каросеристи, на кои им беше испорачувана само механиката а тие ги создаваа телото и внатрешноста за потоа автомобилите да се продаваат низ продажната мрежа на Alfa Romeo. Така, меѓу другите, на Touring Superleggera им беше доверена и спортската купе верзија. Следејќи ги механичките измени што ги направи фабриката, и италијанските мајстори на дизајнот го корегираа моделот, чија трета серија од 1956-тата со полна ознака 1900C Super Sprint дефинитивно е најубава. Каросеријата на купето со волшебно привлечен изглед вдомуваше дволитарски четирицилиндричен мотор со две брегасти оски и 115 KS кои ги остваруваше при 5.500 вртежи во минута. Овој автомобил важеше за миленик на џентлменските возачи, способен да го испорача вистинска доза адреналин задржувајќи ја елеганцијата во возењето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *