Посебна марка на GM за канадскиот пазар
» Во време кога заради промовирањето на автомобилското производство во Канада дилерите на Pontiac и Buick (кои беа заеднички за двете марки) останаа без почетен, поевтин модел, General Motors во 1962 година реагираше со создавање посебна марка возила наменета за тамошните купувачи. Така, на основа на моделите на Chevrolet со одредени стилски ревизии и минимални разлики беше создадена линија автомобили наречени Acadian според називот старата француска колонија. Едно време возилата од марката Acadian се произведуваа и во Чиле за тамошниот пазар.