Tags: , ,
Mitsubishi на маки во Норвешка

Mitsubishi приморан да враќа пари на купувачите

» Интересна приказна пристигнува од Норвешка. Еден човек кој работел точно 41 километар од местото на живеење, пред две ипол години купил Mitsubishi Outlander PHEV во чии плаг-ин спецификации пишувало дека има електрична автономија од 54 километри. Тој, како што им објаснил на инспекциските служби задолжени за жалби на потрошувачите, како совесен граѓанин сакал да патува до и од работа само на струја, без да ја загадува човековата околина, заради што и се одлучил за овој модел. За него платил 529.000 норвешки круни, односно 52.000 евра. Но набргу увидел дека наведената електрична километража е недостижна – тој со целосно полни батерии успевал да помине меѓу 32 и 45 километри. Незадоволен од тоа се пожалил на трговецот, ама тој одбил да преземе одговорност зошто Outlander PHEV на струја не поминува толку колку што Mitsubishi напишал дека поминува. Го пријавил случајот на властите, барајќи заради помалата електрична автономија и наводно некои други пропусти, да му се вратат целосно парите. Тие ги уважиле неговите аргументи, но сепак одлучиле трговецот да му врати само дел од парите – вкупно 20.000 круни, односно околу 2.000 евра.

Не е познато дали оваа одлука ќе важи и за другите купувачи на Mitsubishi Outlander PHEV и генерално на сите електрични и плаг-ин возила. Колку точно примероци од овој модел се продадени во Норвешка не знаеме, но како што на сликата се гледа, до април 2017-тата ги имаше 10.000.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *