За прв пат посебна верзија за Европа
» Kia ги покажа првите официјални компјутерски генерирани фотографии на петтата генерација на најпопуларниот SUV модел на марката Sportage. Тој треба ќе биде претставен во јули во Кореја и со неговиот напреден дизајн на екстериерот и ентериерот, технологијата за поврзување и ефикасните погонски единици се очекува да постави нови граници во својот сегмент. Новина е тоа што за прв пат во историја на моделот тој ќе има посебна европска верзија. „Инспирирани од новиот дизајнерски јазик на компанијата, Sportage ги предизвикува нормите за дизајн со авантуристички но современ изглед со истакнати детали“, вели Карим Хабиб, потпретседател и раководител на глобалниот центар за дизајн. „Со новиот Sportage ние не сакавме едноставно да направиме само чекор напред, туку да преминеме на сосема друго ниво во SUV класата“, додава тој.
Најавен на почетокот на оваа година, новиот дизајнерски јазик на Kia наречен Opposites United – обединети спротивности, е во основата на Sportage влијаејќи на секој аспект на неговиот изглед и карактер. Првите детали навестуваат наметливо SUV присуство со кое се оддава почит на совршенството и едноставноста на природата додека се поврзува со новата насока на дизајнот на марката. Повеќе за европската верзија на комплетно новиот Sportage кога ќе биде претставена во септември оваа година.