Tags: , , , ,
Малку поинаков Toyota Land Cruiser

Кому што му треба…

» Ако кај нас големите теренци служат за покажување на општествената моќ на нивните сопственици, таму некаде во Африка тие им служат за работа – каква и да е. А таму работата понекогаш знае да биде опасна, многу опасна. За тоа постојат и вакви преработки каква што е оваа на јужноафриканската компанија SVI Engineering која е специјализирана за блиндирани возила со врвен степен на заштита. Што значи тоа покажуваат фотографиите на нивниот модел наречен Max 3 Troopy, наменет за превоз на луѓе во високоризични ситуации.

Како техничка основа е искористен Toyota Land Cruiser, но не оној што мислите туку исконскиот Ј70 кој токму за најтешките задачи сé уште се произведува иако води потекло од 1984 година. Има простор за осум патници, всушност војници, кои можат да ги бранат своите животи пукајќи низ наменските за тоа отвори во дебелите стакла. Од разбирливи причини детали за блиндирањето не се кажуваат на јавноста – таа знае само дека ова оклопно возило има BR6 или BR7 степен за заштита, што значи дека пешадиското наоружување и мини ништо не му можат. Моторот е 4,5 литарски V8 дизел со 205 KS, а цената околу 130.000 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *