Познати и моторите
» Премиерата на новата генерација на Land Cruiser се приближува – сé уште не е објавено точно кога ќе биде, но Toyota не крие дека моделот е готов. Доказ за тоа се бројните аматерски фотографии на кој се гледа како ќе изгледа и повремените податоци за него. Најновите вести кажуваат дека во овој огромен теренец (сегашниот модел е долг 5 и широк и висок по 2 метра, а новиот ќе биде уште поголем) ќе се вградуваат само V6 мотори – 3,5 литарски бензински со 409 KS кој ќе има и своја хибридизирана верзија и 3,3 литарски дизел со 302 KS.
Актуелната генерација на Land Cruiser од серијата 200 е претставена во 2007 година.