Tags: , ,
Škoda Fabia и официјално (2*видео)

Чекањето заврши!

» После околу осум години, Škoda ја претстави новата генерација на Fabia, која е еден од најуспешните модели во историјата на марката, досега продаден во 4,5 милиони примероци. Промените во дизајнот не се револуционерни и визуелно Fabia остана верна на традиционалните линии на Škoda и изгледот на претходната генерација. Посебно на предниот дел, додека  задниот е темелно изменет со помалку остри линии. Новата Fabia ја има истата платформа како и Volkswagen Polo, Seat Ibiza и Audi A1, заради што стана доста поголем автомобил – меѓуоскиното растојание порасна за 9, ширината за 5 а должината за 12 сантиметри. Тоа донесе многу повеќе простор во внатрешноста, посебно назад, а се одрази и на багажникот кој со своите 380 литри е за 50 литри поголем од досега. Кому ова му е малку, со преклопување на задните седишта тој нараснува на 1.190 литри.

Во понуда ќе бидат само бензински мотори, повеќето познати од порано. И повторно, кој од кој е послаб – основниот трицилиндричен еднолитарски е со 65, а наредниот со 80 коњски сили. Вистинската моторизација започнува со нивните турбо верзии со 95 и 110 KS, а на врвот на понудата е единствениот четирицилиндричен агрегат од 1,5 литри со 150 коњи. Во зависност од нив менувачите можат да бидат мануелни со пет или шест степени и DSG со седум степени. Перформансите се соодветни на бројот коњски сили, а дали ќе биде и цената ќе дознаеме кога ќе доближи датумот за пазарно лансирање. Тој за поголем дел од Европа е зацртан за септември, а кога ќе стигне кај нас не се знае. Ќе се чека и за караванска верзија која е планирана за некаде во 2022 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *