» , , ,
Пристигнува и VW ID.5 (видео)

Електричен купе-SUV за поголеми емоции во возењето

» Со кратка видео најава Volkswagen потсети дека ја подготвува купе верзијата на електричниот ID.4 чии прототипи веќе се во завршна фаза на тестирање. Овој модел со ознака ID.5 ќе има елегантна линија на покривот, додека предниот дел ќе биде скоро идентичен со ID.4. Генерално разликите во дизајнот и големината не се значајни бидејќи и двата модела ќе ја делат истата механика – MEB платформата и посилните погонски групи. Техничките детали сé уште не се објавени, но веројатно е дека послабите погонски групи од ID.4 ќе бидат изоставени. Тоа значи дека ID.5 би имал 204 KS во верзијата со еден електромотор и 299 KS во верзијата со два електромотора и погон на сите четири тркала која ќе ја понесе ознаката GTX. Точниот датум на претставувањето не е познат, а се претпоставува дека тоа ќе се случи при крајот на годинава.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *