Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>24 април 1961 година (фото галерија)

Пријател на многу генерации

» На 24 април 1961 година Citroen го претстави Ami 6, лансиран со замисла да се комплетира гамата и не да го замени туку наследи ултрауспешниот 2CV. Но тој се спротивстави на сите предвидувања што му ги наменија Французите и си изгради своја сопствена приказна во историјата на марката. Првата верзија означена го имаше малиот мотор од Спачек со 602 cm³ и 26 коњски сили, доволен за едвај 105 километри на час. Главната карактеристика му беше задното стакло кое остана уникатно во автомобилската историја. Овој голем мал автомобил веднаш го привлече вниманието на купувачите, кое Citroen доста добро го протолкува и унапредувајќи го со годините успеа да го задржи сé до последниот негов здив, а љубителите на марката и моделот и понатаму и Ami и до ден-денес остана икона која никој не се ни обидел да ја надмине.

Се произведуваше до 1978 година во Франција, Шпанија, Југославија и Аргентина, до кога беа направени вкупно 1.840.396 примероци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *