» , , ,
Audi Q4 e-Tron и e-Tron Sportback (2*видео)

Електричар во патики

» После e-Tron, e-Tron GT и нивните деривати, Audi истрча со нов електричен модел чие значење е што го најавува влегувањето на марката во нова фаза на електрификацијата. Заслугата за тоа ја има неговата платформа, трета која ја производителот од Инголштат ја имплементира во својата гама. Иста е како и на ID.3, или на ID.4 ако сакаме докрај да бидеме прецизни, заради што не е изненадување дека ќе се произведува заедно со нив во погоните на Volkswagen во Цвикау. Затоа и не е тешко да се претпостави сличноста со големината на електричниот SUV на VW, од кој Q4 e-Tron се разликува во милиметри.

Слично е и со погонските групи, кои ги има три. Основната е со батерии од 52 kWh, електромотор со 170 KS и погон на задните тркала. Наредната е засилена со батерии од 77 киловат-часа и електромотор со 204 коњски сили, а топ-моделот има два електромотора со 299 KS кои ги задвижуваат сите четири тркала и може да се пофали со забрзување до 100 km/h за 6,2 секунди. Автономијата се движи до 520 километри, а од Audi истакнуваат дека само 10 минути полнење на брз полнач се четвртина од тоа. Дизајнот на Q4 е типичен Audi-евски но различен од останата гама, со впечатлива маска и Matrix LED светла. Силуетата е мускулеста, а задниот дел различен за двете изведби. И внатрешноста е очекувана со дигиталната инструмент табла, инфо-забавниот систем, управувачот со засечен долен дел…

Производството веќе е започнато, а продажбата ќе стартува од јуни, по цени кои во Германија се движат од 41.900 евра па нагоре.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *