Што ќе биде – лимузина, караван, купе или SUV?
» Најверојатно од сé по малку – ќе дознаеме веќе во понеделник. Засега само можеме да претпоставуваме врз основа на најавното видео на кое се гледаат некои детали за неговата концепција. Според нив се наслутува дека идниот C5 може да наследи некои од линиите на концептот Cxperience кој Citroen го претстави 2016 година. Во секој случај, јасно е дека Французите ќе играат на картата со која го направија C4.