Tags: , ,
Volkswagen Trinity

Втора електрична револуција на Volkswagen

» Се чини дека е прерано, но не за стратезите на Volkswagen – Германците со уште една скица го најавија идниот електричен седан планиран за 2026 година. Тој треба да произлезе од проектот Trinity, со кој се има намера да се постават нови стандарди на сите полиња на електричните возила – автономијата, брзината на полнењето на батериите и она за што сега малку се зборува а всушност е голема болка на електричните возила, контролната единица односно софтверот што ја контролира целокупната работа на возилото.

Што се однесува до изгледот на овој автомобил кој ќе биде позициониран на врвот на електричната гама, тој треба да биде иновативен и да не наликува на ниту еден сега познат модел на марката. Но иако дотогаш има уште многу време, некои стилски детали сигурно ќе потсетуваат на дизајнерскиот правен поставен со ID.3. Исто така ќе се најдат и сличности со најновите концепти кои веќе се покажани. Во однос на технологиите, пак, ќе има ниво 2 автономно возење и дека технички ќе биде подготвен и за ниво 4, кое ќе биде активирано подоцна. Германците се изјаснија дека за него се развива нова архитектура, а планирано е да се произведува во главната фабрика на VW во Волфсбург.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *