» ,
Volkswagen Nivus пристигнува во Европа

Есенско SUV-освежување на гамата на VW

» Откако ја збогати својата SUV-гама во Латинска Америка со малиот купе-кросовер Nivus, Volkswagen се подготвува да го донесе и во Европа. Поблизок со димензиите до T-Cross отколку до T-Roc, овој модел кој е во блиска корелација со Polo е поставен на MQB A0 платформа која му дава должина од 4.266 mm, меѓуоскино растојание 2.566 mm и багажник од 415 литри. За Европа ќе произведува во Шпанија, најверојатно само со 1.0 и 1.5 TSi бензинци, додека дизели и хибриди нема да има. Се очекува да биде пазарно повисоко позициониран заради што ќе има солидна опрема, меѓу другото систем за автоматско кочење и електрично отворање на задната врата.

Цената ќе ја дознаеме во втората половина до годинава, кога е планирано да биде лансиран.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *