» ,
Isuzu Euro-Tour 2021 во Македонија

Македонија ги открива Isuzu автобусите

» Аутомакедонија уште малку ќе прослави 75 години од своето постоење, време за кое се има соочено со многу предизвици. Меѓу поновите е и пласирањето на Isuzu автобусите кај нас. Денес во Македонија да се продаде нов автобус е уметност, а ако пак тоа е од слабо позната марка, тогаш е вистинска уметност. А Аутомакедонија успешно го прави тоа со години. Тоа го увидоа и нејзините партнери од Турција, компанијата Anadolu Isuzu која за Европа ги произведува овие автобуси и во склоп на европската турнеја ја вклучија и Македонија за да подобро ја запознаат нашата јавност со својата гама производи, која мора да кажеме е сеопфатна.

Така, сите што во вистинско време и на вистинско место се најдоа во хотелот Double Tree by Hilton од прва рака имаа можност да се запознаат со моделите Grand Toro, Novo Ultra и најновиот меѓуградски автобус Kendo/Interliner. Grand Toro е 8,5 метарски туристички автобус кој се издвојува од останатите конкуренти во миди-сегментот по својата исклучителна внатрешност и просторот за патниците и возачот, големиот багажен простор и ниската потрошувачка. Наменет е за туристички патувања на средни и долги релации, а се користи и за транспорт на вработени или како училишен автобус.

Novo Ultra е веќе добро познат претставник во миди-сегментот. Обезбедува место и багажен простор за 29 патници, а новиот Еуро 6 Isuzu мотор испорачува 190 коњски сили при 2.600 вртежи. На европскиот пазар доаѓа во две верзии – Standard и Ultra. Новиот 13-метарски меѓуградски автобус Isuzu Kendo/Interliner беше лансиран во Европа во септември лани, но веќе е добро познат на македонскиот пазар. Веднаш по самото лансирање Anadolu Isuzu испорача 6 еко автобуси од овој модел со погон на природен гас на РЕК Битола. Isuzu Kendo/Interliner исто така нуди и широк ранг на интелигентни безбедносни технологии развиени од страна на развојниот центар во Anadolu Isuzu.

Ние не само заради географската близина, бевме меѓу првите кои турнејата на Isuzu ја посети – таа понатаму продолжува низ останатите земји во Европа, а планирана е да трае до јуни оваа година.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *