Кризата дебело чука на вратата на VW
» Веста дека групата Volkswagen планира да укине повеќе илјади работни места во Германија не е ништо ново и ништо изненадувачко. Но бидејќи со колективниот договор со синдикатот отпуштањата на работниците се исклучени до крајот на деценијата, тоа може да биде проблем. Затоа како дел од напорите за намалување на трошоците за работа кое се планира во висина од 5 проценти, со цел заштеденото да се пренасочи за електричните возила и дигитализацијата, се креираат повеќе доброволни мерки – предвремено пензионирање и доброволно напуштање на работните места со откупни пакети. Истовремено, замрзнати се сите нови вработувања, што на крај треба да резултира со кратење на 5.000 работни места и околу 500 милиони евра трошоци за тоа.