» , ,
Toyota X prologue

Прв електричен SUV на Toyota

» Иако Toyota сакаше да ја зачува мистериозноста, во денешно време е тешко нешто да се сокрие. Така веднаш се дозна дека зад називот X prologue се крие првиот електричен SUV поставен на новата e-TNGA платформа. Благодарејќи на својата конструкција, таа е сестрана и лесно прилагодлива за низа производи. Основното начело кое е почитувано – клучните елементи да бидат фиксни додека сé друго може да се разликува, овозможува пристап кој дозволува отстапување во обликот на каросеријата и сите нејзини димензии – должината, широчината, висината и меѓуоскиното растојание. Развиена е во соработка со Subaru, а може да биде со погон на предните, задните или на сите четири тркала и со широк опсег капацитети на батериите и електромотори кои одговараат за разни типови возила. Деталите ќе ги дознаеме за една недела за кога е закажана презентацијата на X prologue.

Toyota планира до 2025 година во Европа да лансира повеќе од 60 нови или ажурирани електрифицирани модели. Дотогаш се очекува 70 отсто од продажбата да бидат хибриди, а по 10 отсто плаг-ин хибриди, електрични и возила со погон на водород.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *