» , , , , , ,
Избор на автомобил на годината во Македонија

За прв пат избран и EV на годината

» Националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија годинава по 26-ти пат го организира изборот кој е најстарата манифестација и единствена од ваков вид во Македонија. Во изборот учествуваат новинари со долгогодишно искуство во следењето на автомобилските новитети и случувања. Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, согласно правилникот за работа и критериумите на изборот жирито одбра осум возила кои влегоа во финалето: Citroen C4, Land Rover Defender, Nissan Juke, Peugeot 2008, Škoda Octavia, Seat Leon, Toyota Yaris и Volkswagen Golf. Покрај членовите на националното жири, право на глас имаа и финалистите, кои можеа да гласаат за еден кандидат. Возилото што ќе добие најмногу гласови од финалистите освојува еден глас кој е рамноправен со гласовите на членовите на жирито. Годинава право на глас имаше и публиката. Преку организирање на онлајн гласање и претставување на сите финалисти, моделот што ќе добие најмногу гласови добива еден рамноправен глас со гласовите на членовите на жирито и гласовите на финалистите.

Согласно критериумите, членовите на националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија донесоа одлука титулата за 2021-ва да му ја додели на моделот Citroen C4. Тој од членовите на жирито доби три гласа, а еден глас отиде кај Toyota Yaris. Гласот од финалистите годинава го доби Land Rover Defender, а во онлајн гласањето спроведено преку платформата на www.coty.mk беа забележани вкупно 9.512 гласа, од кои најмногу – 1.820, доби Škoda Octavia. Освен титулата „Автомобил на годината во Македонија“ , жирито додели уште две признанија – SUV на годината на Peugeot 2008 и EV на годината на e-208. Признанието „Томислав Биљарац“ во чест на доајенот на македонското автомобилско новинарство, основач и прв претседател на националното жири за избор за автомобил на годината во Македонија кое се доделува за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија кај нас жирито му го додели на Вилјем Хорват.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *