Tags: , ,
Peugeot продолжува да собира награди

Жените избраа

» На 11-тото издание на светскиот избор на женски автомобил на годината, жирито на Peugeot му додели две признанија. Жирито составено исклучиво од жени го прогласи 208 за најдобар градски автомобил, а 2008 за најдобар урбан SUV. Основано во 2009 година, жирито за светскиот избор за женски автомобил на годината го сочинуваат 50 новинарки од автомобилскиот сектор кои доаѓаат од 38 различни земји и 5 континенти. Според пропозициите во постоечките девет категории најпрво се бираат по три финалисти, а потоа од нив се прогласува победникот. Така Peugeot 208 се натпреваруваше со Toyota Yaris и Honda Jazz, а 2008 со Renault Captur и Kia Sonet. Критериумите според кои се оценуваат возилата се безбедност, удобност, технологии и поврзаност, сооднос квалитет-цена, влијание врз животната средина и дизајн. Кој ќе ја освои светската титула „Женски автомобил на 2021 година“ ќе биде објавено на 8 март.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *