»
Марката која постои од времето на Наполеон има нов имиџ

Лавот на Peugeot стана погласен

» Најстарата автомобилска марка во светот го потврдува својот карактер и врти нова страница во својата историја. На неа, како заокружување на досегашните и најавување на нови подлабоки промени, гордо стои новото лого, 11-то во 211-годишното постоење на марката. Тоа е одраз на сé што Peugeot е досега и ќе биде во иднината која е трасирана со повисоко позиционирање на пазарот. Промената на логото следеше после целосното обновување на гамата во последните 10 години, колку што во употреба беше досегашното лого. Прв од моделите кој ќе понесе ќе биде новиот 308, кој може да го очекуваме многу бргу.

Следењето на иновациите, како технички така и дизајнерски го поставија Peugeot во позиција не само да биде во чекор со времето, туку и пред него, да ги предвидува промените во начинот на работа отворајќи пат за нови решенија. Лавот кој е во гените на визуелниот имиџ на марката совршено прилега на постојаната поврзаност на овој производител на возила со минатото и иднината. Затоа и од Peugeot велат дека новото лого е олицетворение на она марката што значеше вчера, што значи денес и што ќе значи утре. Неговото значење како безвременска, универзална и мултикултурна форма на идентитет претставува симбол на моќта на оној што го носи, симбол на припадност, на признавање, синоним за престиж, доверба, долговечност и потекло. Токму како и самата марка Peugeot.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *