» , , , ,
ФИНАЛИСТ – Автомобил на годината во Македонија 2021
»  

Nissan Juke

Во тек е он-лајн (https://coty.mk/#vote) гласање каде моделот што ќе освои најмногу гласови ќе има еден рамноправен глас при изборот. Со цел да можете да се запознаете подобро со финалистите и да гласате за вашиот фаворит обезбедивме рамноправно претставување на секое возило. Резултатите од гласањето на жирито, финалистите и јавноста ќе биде познато на почетокот на март. Претставувањето на финалистите е по случаен избор. Он-лајн гласањето трае до 28 февруари 2021 година до 23:59 часот.

» Новиот Nissan Juke e подготвен да ја задржи позицијата на еден од најпопуларните кросовер модели на планетата што ја заработи со една деценија успешната егзистенција на првата генерација. Неговата атлетска става во вторава генерација добива уште помоќна купе форма. Атрактивната појава спакувана во габарите со димензии 4.210 x 1.883 x 1.595 mm делува суперкомпактно, а благодарение на растојанието помеѓу оските од 2.636 mm нуди комфор за петмина. Згора на тоа и капацитетот на багажникот е солиден, цели 422 литри. Впечатливата става со острите линии е потенцирана со поставеност на тркала со димензии кои одат дури до 19 инча, а во интерес на ефикасноста и профитабилноста Јапонците решија да ја редуцираат понудата на агрегати и тоа на само еден бензински мотор. Станува збор за 1,0 литарски DIG-T агрегат со три цилиндри што ги редефинира перформансите, со лесен, но моќен електронски контролиран турбо полнач. Испорачува моќност од 117 KS (180 Nm) кој силата ја пренесува на предните тркала (нема опција за погон на сите четири тркала) со шестстепен мануелен или седумстепен менувач со двојна спојка. За уживање во возењето тука е селекторот со три режими на возење кои знаат да понудат возбудливи уживање во перформансите (Sport), но и извонредна ефикасност на потрошувачката на гориво (Еco) додека Standard нуди најдобар баланс помеѓу ефикасноста на горивото и перформансите.

Како можност за вградување на располагање се системите: Intelligent Emergency Braking with Pedestrian and Cyclist Recognition, Traffic Sign Recognition, Intelligent Lane Intervention, Rear Cross Traffic Alert, and Blind Spot Intervention. Cruise Control & Speed Limiter, Lane Departure Warning со Intelligent Lane Intervention… Tехнологијата Drive assist (ADAD) кај новиот Nissan Juke овозможува едноставен преглед на сите потребни информации. Со Nissan Pro Pilot внимателно го следи патот и помага да сопрете, забрзате како и во секој момент да ја преземете контролата врз возилото. Следат Around Pro Monitor System, Nissan Intelligent Mobility нуди постојана конекција ( e-Call system), навигација во реално време, Nissan Conec Service и поврзаност со Android или IOS уред преку Apple Car Play и Android Auto. Високиот степен на уживање се отсликува и во Bosse Personal Plus аудио системот кај кого се звучниците се вградени во потпирачите за глава на возачкото и совозачкото седиште.

Повеќе за изборот, он-лајн гласањето, критериумите и сите досегашни победници посетете ја страницата www.coty.mk.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *