Исполнување на новите очекувања
» И пионерот во класата повеќенаменски возила стана електричен – со ваквата верзија на патничкиот Berlingo, Citroen ги исполнува новите очекувања. Беше прашање на момент кога и таа ќе се појави, кој љубителите на активниот животен стил нетрпеливо го очекуваа за во своите секојдневни активности да може да уживаат во познатата негова практичност дополнета со најважното нешто денес – електричниот погон. Тој го прави идеален партнер за нив бидејќи им нуди да избираат три различни режими на возење со моќност која ја испорачува електромоторот од 60, 80 или 100 kW, кои им овозможуваат идеален компромис меѓу динамичните перформанси и автономијата, во зависност што во моментот им треба. Со полни батерии кои имаат капацитет од 50 kWh е-Berlingo ќе може да помине до 280 km, a ќе биде достапен во стандардна и продолжена верзија со пет или седум седишта.