» , , , ,
ФИНАЛИСТ – Автомобил на годината во Македонија 2021
»  

Land Rover Defender

Во тек е он-лајн (https://coty.mk/#vote) гласање каде моделот што ќе освои најмногу гласови ќе има еден рамноправен глас при изборот. Со цел да можете да се запознаете подобро со финалистите и да гласате за вашиот фаворит обезбедивме рамноправно претставување на секое возило. Резултатите од гласањето на жирито, финалистите и јавноста ќе биде познато на почетокот на март. Претставувањето на финалистите е по случаен избор. Он-лајн гласањето трае до 28 февруари 2021 година до 23:59 часот.

» Легендата на off-road возењето британскиот Land Rover Defender со новата генерација зачекори во иднината. Теренецот настапува со препознатлив, но модерен лик во верзии со три и пет врати. Редизајнираната теренска икона во двете каросериски верзии означени како 90 и 110 што некогаш било меѓуоскиното растојание изразено во инчи, нуди редефениран лик од една, а од друга страна истиот како да ви кажува дека тоа не може да биде ништо друго освен Land Rover Defender. Сето тоа облагородено со непроменлива и врвна управливост како низ урбани средини, така и надвор од патот. Тоа го дефинира и пристапниот агол од 38% и аголот на заминување од 40%, минување на водена пречка длабока 900 mm и All Terrain Progresѕ Control со шест режими на возење – генерален, за карпест терен, мочуришен терен, мраз, снег и песок. За комфорот во возење во сите услови голем придонес има и електронски контролироно воздушно ослонување, Adaptive Dynamics кој што 500 пати во секунда го контролира и го оптимизира движењето на каросеријата. Внатре луксуз, кожа, елементи од алуминиум, ткаенини… Сé бирани материјали со највисок квалитет. Димензиите на кратката 90 верзија изнесуваат 4.323 х 2.008 х 1.974 mm, со 2.587 mm растојание помеѓу оските, односно 4.583 х 2.008 х 1.974 mm со меѓуоскино растојание од 3.024 mm за 110 верзијата.

Погонските единици, дизел, бензин, mild Hybrid и plug-in hybrid се со четири и шест во линија поставени цилиндри, во комбинација со осумстепен автоматски менувач и со погон на сите четири тркала. Дизел верзиите со четири цилиндри и 2,0 литри волумен доаѓаат со 200 KS и 430 Nm, односно 240 KS и 500 Nm, a тие со шест цилиндри и 3,0 литри испорачуваат 249 KS и 600 Nm, односно 300 KS и 650 Nm. Бензинците доаѓаат со идентична конфигурација како и дизелите: Р300 четири цилиндри и 2,0 литри зафатнина и Р400 шест цилиндри во линија и 3,0 литри, со  300 KS (400 Nm), односно 400 KS (550 Nm). Тука се и Mild Hybrid изведбите со 48-волтна батерија за поефикасна и почиста експлоатација. Најновата Р400 PREV плаг-ин хибридна единица e со дволитарски турбо бензинец со четири цилиндри и 300 KS и електромотор од 104 KS. Од бројните системи со кои е преполн Defender ќе ги спомнеме All Terrain Progress Control и Clearsight ground view + 3D surround camera (можност да го гледате патот под /низ хаубата и моторот), потоа Adaptive Cruise Control + Speed Limit, Break Collision Monitoring, Rear Traffic and Blind Spot, Wade Sensing, Matrix LED светла… Во кабината се 12,3″ interactive Driver Display, Head up display, Meridian audio surround со 14 звучници…

Повеќе за изборот, он-лајн гласањето, критериумите и сите досегашни победници посетете ја страницата www.coty.mk.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *