Во освојување на третиот свет
» Со три каросериски изведби и две погонски единици, Peugeot Landtrek тргна во поход и на Африка и Блискиот Исток. Овој робусен пикап кој лани пред крајот на годината дебитираше во Латинска Америка е развиен и се произведува во соработка со кинескиот партнер на PSA, компанијата Changan. Купувачите можат да се одлучат за 1,9 литарски дизел со 150 или 2,4 литарски турбо бензинец со 210 KS, првиот само со шестстепен мануелен, а вториот како опција и со исто шестстепен автоматски менувач. Во основните изведби погонот е на задната оска, а поопремените верзии имаат 4×4 погон со редуктор. Како за возило наменето за третиот свет, опременоста му е доста богата – 10-инчен екран чувствителен на допир со хард диск од 10 GB, Bluetooth, Apple CarPlay и Android Auto конективни можности, четири надворешни камери, Hill Descent, Trailer Swing, Lane Departure Warning системи и друго. Не е предвидено да се продава во Европа.