» ,
Новото лице на Volkswagen Tiguan

Гледајте го со поинакви очи

» Иако годините добро му стоеја, на Volkswagen Tiguan сепак му требаше редизајн бидејќи во оваа втора генерација се појави во 2016 година. Германците велат дека е темелно обновен, притоа веројатно мислејќи дека сега е усогласен со дизајнерските насоки што ги постави Golf 8. Рецептот препишан од него јасно е видлив на предниот дел, но назад ќе се забележи дури откако ќе се вклучат светлата. Таму се среќава и трендовски централно поставената ознака на моделот и толку – тоа е сé однадвор. Одвнатре веднаш ќе се забележи потполно новиот управувач со осветлени функциски копчиња. Нов е и инфо-забавниот систем со проширени можности за поврзување, а дигиталниот кокпит е од 10,25 инчи. Приказната го заокружува амбиенталното ослонување.

Што се однесува до опременоста, купувачите на Tiguan ќе профитираат во секој поглед. Од сé ново најинтересни се Travel Assist системот со делумно автономно возење и Harman Kardon премиум аудио озвучувањето со 480 W. Другото е вообичаено.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *