Tags: , ,
„Отклучување“ на дополнителната опрема (со видео)

Плати, па клати!

» Купувањето автомобил секогаш носи бројни дилеми – дали да се земе ова или она, дали да се плати за едно или друго, да се доплати или не за нешто трето… Одлуката никогаш не е лесна, а до неа се доаѓа пропорционално брзо со дебелината на купчето пари што треба да се избројат. Сепак скоро секој купувач некогаш посакал поинаку да размислувал и да одвоил уште малку евра за некоја погодност, која, за жал, ќе му остане недостапна. Сé досега, кога BMW откри нов начин како да им извлече повеќе пари на своите купувачи. Имено, Баварците се сетија во новите возила да вградуваат некои опционални нешта, кои ако не се плати за нив нема да можат да се користат. Ако пак некогаш во иднина посакате да ги имате, тие софтверски ќе бидат „отклучени“ и ќе ви бидат достапни.

Ова засега се однесува само на мал број погодности кои се контролираат преку iDrive 7 системот, како на пример загревањето на седиштата, кое BMW го нуди со претплата на една до три години. Треба да се спомене и тоа дека ваквите погодности бесплатно ќе бидат достапни првиот месец по купувањето на автомобилот за да може возачот да ги испроба и да реши дали ќе плати за нив.

Умно, зарем не?!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *