Tags: ,
Изгледа бомбастично!

Ова е Mazda RX-Vision – и што сега?!

» Mazda RX-Vision кој во концептна верзија е прикажан на салонот во Токио во 2015 година, очигледно конструиран по примерот на Porsche 918 Spider веднаш од фановите беше маркиран како идна спортска ѕвезда. Она RX во ознаката уште повеќе ја дразнеше фантазијата – тоа се двете букви кои недвосмислено укажуваат на вградување на ротациски ванкел мотор. Сé уште се свежи сеќавањата на импресивните RX-7 и RX-8.

Но кога се бара конкретен одговор на прашањето кога RX-Vision може да се пресели од компјутерската скица во продукциската реалност, шефот на дизајн во Маzda, Икуо Маеда, одговара воздржано: „Тоа е сонот кој ќе се потрудам набргу да биде реализиран“ – вели тој. „Со легендарниот MX-5 ние покажавме дека знаеме да го погодиме вкусот на купувачите, но можеби сега е дојдено времето да понудиме спортски автомобил со поизразени перформанси“, поентира Маеда.

Целата фама околу новиот спортист на Mazda добива на интензитет со прикажување на натпреварувачката изведеница RX-Vision GT3 за Grand Turismo Sport серијата во која ќе се вградува цел сет натпреварувачки елементи. Впечатокот кој се стекнува од Mazda RX-Vision навистина е импресивен, а такви се и реакциите на бројните фанови. Дали тоа ќе биде доволно за стратезите на Mazda, останува да покаже блиската иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *