Tags: ,
Прв чекор кон електрификацијата

Maserati Ghibli Hybrid

» Популарната лимузина со трозабецот на Нептун во амблемот го проби мразот и ја поведе 106-годишната италијанска марка на патот кон иднината. Срамежливо, мора да кажеме, бидејќи се работи само за блага 48-волтна хибридна технологија која ја најавува претстојната електрификација. Новиот погонски склоп на Ghibli е дволитарски турбо четирицилиндричен со 330 KS и 450 Nm, што е скоро идентично како и основната GranLusso бензинска изведба на моделот. Забрзува до 100 km/h за 5,7 секунди и постигнува максимални 255 km/h. Батеријата која го напојува електромотор е сместена назад, заради задржување на оптималниот распоред на тежината. За задоволство во возењето, пак, издувниот систем е опремен со таканаречени резонатори.

Во поглед на еколошките перформанси, од Maserati излегоа со бројки во кои е тешко да се поверува – Ghibli Hybrid според WLTP стандардите има декларирана потрошувачка од 8,5 l/100 km. Токму таа бројка го оправдува поставувањето на сини детали на каросеријата и во кабината, кои треба на оној што го гледа да му сигнализираат дека има хибридна технологија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *