Не е убав, ама многумина ќе го сакаат
» Најновата итерација на трициклот од американската компанија Polaris предизвикува со својот посебен дизајн и пар практични додатоци. Нападната комбинација на зелена боја и бронзени детали делува одлично, а мноштвото „искршени“ линии провокативно. Замислен и изведен како покомфорна верзија на моделот кој се произведува шест години, тој сега има покров и колку-толку коректна заштита од ветрот. Како доказ дека возењето со Slingshot Grand Touring LE навистина е удобно, Polaris го опреми со врвен Rockford Fosgate аудио систем и 7-инчен екран. Клима уред нема, но затоа како опција се нудат загревани и вентилирани седишта. Се задвижува со дволитарски мотор со 180 KS во комбинација со петстепена автоматика, а кој сака за само 600 долари ќе добие засилен агрегат на 206 коњи. Производството му е лимитирано на 300 примероци, по цена од ужасно високи 33.999 долари.