»
Volkswagen најзадолжена компанија во светот

VW должи 192 милијарди долари!

» Според бројките до кои дојдоа аналитичарите од податоците за работењето на околу 900 компании, најзадолжен во светот е Volkswagen – како последица на масивниот инвестициски циклус, германската група должи неверојатни 192 милијарди долари. Што значи ова најдобро покажува фактот дека на пример Русија или Турција имаат долг од нешто над 260 милијарди, бројка која е блиску до вкупните приходи што Volkswagen ги остварува. Но уште позагрижувачки делува податокот дека меѓу 10-те најзадолжени компании во светот половина се од автомобилската индустрија – покрај Volkswagen тоа се и Daimler (151 милијарди долари), Toyota (138 милијарди), Ford (122 милијарди) и BMW (114 милијарди долари). Од друга страна, пак, постојат и такви компании кои не само што немаат ниту долар долг, туку „пливаат“ во кеш – Google располага со вишок 104 милијарди долари, Samsung со 78 милијарди, Microsoft со 47 милијарди, Facebook со 44 милијарди долари…

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *