» , ,
Од Полска ни доаѓа EMP Izera

Jaguar на полски начин

» И Полска како полупризнаета автомобилска велесила сака да се вклучи во електричната трка – проектот стартуван пред четири години започна да се остварува и од таму во 2023 година под ознаките на новоформираната компанија EMP Izera ќе започнат да пристигнуваат SUV и хечбек од Ц-сегментот за кои засега малку се знае, но веднаш се забележува дека ги има дизајнирано човек кој работел за Jaguar. На Полјаците сличноста со i-Pace не им пречи, додавајќи дека главниот дизајнер Тадеуш Јелец има работено заедно со италијанското студио Torino Design. Она што повеќе сакаат да го потенцираат е дека ќе имаат автономија од околу 400 километри и дека до 100 km/h ќе забрзуваат за околу осум секунди. За нив ќе се гради нова фабрика чија локација сé уште не е позната, во која е планирано годишно да се произведуваат по 100.000 возила. Цените и плановите за извоз засега не се откриваат.

Во Полска веќе постојат сериозни капацитети за производство на возила и компоненти на повеќе светски фирми – Opel, Fiat, Volkswagen, но и на LG Chem каде се произведуваат батерии за електричните возила. Зад овој проект стојат четири големи полски енергетски компании во сопственост на државата.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *